Француската полиција истражува тајни вечери на политичари


 

Француските обвинители започнаа истрага во врска со тврдењата дека луксузни клубови  за вечерање ги прекршуваат ограничувањата на КОВИД-19. Истрагата  уследи по емитувањето во петокот вечерта на прикриен извештај од мрежата М6, кој прикажува  гости без маски како уживаат во оброците со шампањ во, како што се чини,  ресторан во Париз. Едно лице, претставено како организатор на забавите и во различни медиуми идентификувано како славниот Пјер Жан Шаленсон, на снимката вели: „Оваа вечер вечерав во два или три ресторани, кои се дел од  т.н. тајни ресторани, со одреден број на министри “.

Изјавата на Шаленсон беше само „хумор“ и треба да се сфати како израз на апсурд, изјави подоцна неговиот адвокат за агенцијата Франс Прес. Сепак, обвинителството во Париз во неделата започна кривична истрага, барајќи да се откријат прекршувањата  на здравствените прописи и потенцијалните организатори и присутните.

Франција викендов воведе нови ограничувања за коронавирусот во целата земја. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин објави на Твитер: „Ја замолив париската полиција да ја провери точноста на пријавените факти со цел – доколку се потврдат – да ги обвинат организаторите и учесниците на овие тајни вечери“.

Помладиот министер за државјанство Марлен Скиапа рече: „Ако министри или членови на парламентот ги прекршиле правилата, тогаш тие треба да бидат казнети како и секој граѓанин“.

и видеото станаа вирални на социјалните мрежи под хаштагови како #OnVeutLesNoms, #OnVeutDesNoms и #RestsportsClandestins.