Франција започна голема операција во Нова Каледонија, вклучени повеќе од 600 жандарми


Франција започна голема операција во која се вклучени повеќе од 600 жандарми за целосно враќање на контролата на патот меѓу главниот град на Нова Каледонија Нумеа и аеродромот на француската прекуморска територија, каде шест лица загинаа во немири.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, доцна синоќа на платформата Икс објави дека во Нова Каледонија „покрената е голема операција во која учествуваат повеќе од 600 жандарми, од кои околу стотина припадници на ГИГН“, елитната тактичка единица на жандармеријата.

Целта на операцијата е „целосно да се врати контролата над 60-километарскиот главен пат меѓу Нумеа и аеродромот“ во Тонтут, рече Дарманен.