Франција може да стави вето на договорот по Брегзит
Франција може да го искористи правото на вето за да го блокира договорот со Велика Британија по Брегзит, доколку не ги исполни барањата на Париз, особено во врска со риболовот, изјави министерот за европски прашања Клемент Бон.
– Ако се постигне договор што не е добар, ние ќе се спротивставиме, истакна Бон за радио „Европа 1“, додавајќи дека „секоја држава има право на вето“ на сè што ќе се појави од последните преговори за Брегзит, кои се водат во Лондон.