Фраерски е да се чита: Кампања за подигање на читателската свест


Под мотото „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“, издавачкиот центар ТРИ од вчера почна кампања за подигнување на читателската свест кај младите. Со богата двонеделна програма проследена со убав избор на повеќе дела за млади по одлични цени, издавачот очекува да ги заинтересира младите за читање добри книги. Интересни настани збогатени со музика, средби на читатели и млади автори, промоции на книги – се само дел од програмата која има за цел приближување на книгата до младите.

Славниот Нил Гејман вели дека не постои такво нешто како литература за деца и млади. Има еден свет на фантазија во кој сè е можно и сите обични нешта имаат магија, само треба да ја препознаеш.