(Фото) Втор ден од вакцинацијата за странски граѓани во Србија: На Табановце колона возила уште од утринава – за излез се чека 40 минути
Фотографиите од надзорните камери на граничниот премин Табановце – Прешево, за влез во Србија, ја покажуваат состојбата на границата утринава. Како што се гледа и денес фреквенцијата на возила е голема, а тоа се должи на вакинацијата во Србија за странски државјани која се одвиваше вчера, а продолжува и денес во Ниш и во Белград.
Како што соопштија вчера попладне српските власти, денеска ќе се примаат само оние граѓани кои претходно закажале термин за вакцинација на еден од пунктовите во спортската сала „Чаир“ во Ниш, или на Белградскиот саем.
На граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути, информира Автомотосојузот во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Викендов наши државјани одат да се вакцинираат во Србија, што предизвика застои и чекање на границата.
На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.