(Фото/видео) Исланд се соочува со апокалипса, евакуација на Гриндавик


Исланд го чека голема вулканска ерупција. Научниците велат дека магмата е сѐ поблиску до излевање. Од полноќ се регистрирани дури 600 земјотреси.

Како последица на тие земјотреси, буквално се распаднаа бројни куќи, а целиот град Гриндавик во близина на вулканот Фаградалсфјал беше претворен во град на духови.

Од полноќ се регистрирани дури 600 земјотреси, а експертите велат дека лава може да излее секој ден. Околу 4.000 жители беа евакуирани.


Оние на кои властите им дозволија да се вратат во своите домови за да ги соберат основните работи, исто така, го напуштија градот бидејќи во воздухот беа измерени високи концентрации на сулфур диоксид, кој се смета за еден од показателите за ерупција.

Од големиот број земјотреси урнати се бројни куќи, на патиштата има кратери, а целото подрачје постојано се тресе.

Прогласена е и вонредна состојба.

Бројката од 600 земјотреси е всушност помала од бројот на земјотреси регистрирани во претходните денови, но укажува и на тоа дека ерупцијата се приближува, односно дека лавата се доближува до површината, објави Дејли мејл.