(Фото) Сообраќајка кај Педагошка


Сообраќајка утрово се случи на булеварот 8 Септември во Скопје, во непосредна близина на Педагошкиот факултет.

Од фотографиите кои што ги добивме од местото на настанот, станува збор за возило „ситроен“, кое засега од непознати причини се искачило на поткачениот дел, односно жардинерата што ги разделува коловозните ленти на булеварот. Во непосредна близина е и пешачки премин.

Засега, нема информации дали во сообраќајката има жртви или повредени. Во моментов, екипи на сообраќајната полиција вршат увид.