(Фото) Мапа на сите руски напади во Украина

Руската агресија буквално се одвива на територијата на целата држава Украина.


Руската агресија буквално се одвива на територијата на целата држава Украина. Се бомбардираат главно воени цели  за да се уништи одбранбената моќ на земјата и за да се отсече командата на воените сили. Нападот се одвива со сите воени сретства – бомбардери, хеликоптери, лансери на ракети … за да се отвори простор за копнена инвазија.

Луѓето во Харкив кој е исто така погоден од гранати, се молат на градскиот плоштад, а жителите на Киев се повикани да се засолнат во метроата . Нападот практично се одвива од неколку страни – од Русија, од Белорусија, од Донбас, од Крим, а според некои информации и од отцепениот руски дел од Молдавија.

Рускиот претседател Владимир Путин, го најави  потегот што не го видело човештвото од Втората светска војна и се закани за тие што ќе помислат да се бранат со последици какви што не виделе досега.