(Фото) Македонец исчезна во Белград: Последен пат бил виден минатата среда
Македонскиот државјанин Лазо Павлев (42) исчезна во Белград. Последен пат бил виден на 25 септември (минатата среда) и од тогаш му се губи секаква трага.
Неговото исчезнување беше објавено во Регистарот на исчезнати личности од каде велат дека Павлев престојувал во стан на Дорчол. Последниот контакт со него е остварен околу полноќ на 25 септември.
Тој е висок 180 сантиметри, тежок 120 килограми, има смеѓа коса и сини очи.
Белградската полиција апелира доколку некој има информации за Павлев да се јави во најблиската станица.