(Фото) Како се одвиваше вакцинацијата во Ниш и во Белград
Камерите на граничниот премин Прешево, на излез од Србија кон Северна Македонија покажуваат дека има колона возила, од кои повеќето се враќаат од Ниш и Белград, каде што денес и утре се спроведува вакцинација за граѓани од земјите во регионот.
Еве ја моменталната ситуација:

Некои организирано, во рамки на соработката помеѓу стопанските комори на Македонија и на Србија, или индивидуално пријавени преку системот е-управа на српската влада, а не мал број граѓани и на своја рака без претходно закажан термин, денес се упатија кон Ниш и Белград да примат вакцина против КОВИД-19.

Во Ниш, вакцинирањето беше организирано во спртската сала „Чаир“, а во Белград во салата на Белградскиот саем.

На фотографиите ви прикажуваме дел од атмосферата пред и во местата за вакцинирање, како и на граничниот премин Табановце, каде што претпладне се чекаше по околу 40 минути за излез од земјава, а вечерва колоните возила се во спротивната насока – за влез во Северна Македонија.
