(Фото) Изгореа контејнери во Дебар Маало

Пет контејнери, од кои три целосно, изгореа претпладнево во Дебар Маало во Скопје, во непосредна близина на кружниот тек. Покрај контејнерите, од пламенот е оштетено и едно патничко возило „мазда 6“ кое беше паркирано веднаш до нив.
Четири од контејнерите се на скопска Комунална хигиена, додека еден на „Пакомак“ наменет за селектирана стаклена амбалажа.
Како што велат очевидци, прво се запалил контејнерот кој бил најблиску до кружниот тек, а потоа биле зафатени и другите. Во непосредна близина на ова место се неколку станбени згради, а од спротивната страна на улицата се наоѓа и детска градинка.
Ова место за фрлање отпад, покрај станарите од околните згради, го користат и угостителски објекти кои се наоѓаат во близина.

Пожарот го изгасија пожарникари, кои дојдоа со едно противпожарно возило. По направениот увид, просторот беше исчистен и беа донесени нови контенери.