(ФОТО) Фатени шверцери со стотици парчиња брендирана гардероба и алат на автопатот Табановце-Куманово
Спречен шверц и запленети 272 парчиња разновидна брендирана роба и 174 парчиња разновиден рачен алат без документација.
Како што информираа од МВР, вчера (14.12.2025) на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ во два одвоени настани ги лишиле од слобода Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје.
Полициските службеници, според информациите, прво сопреле патничко возило „голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И. и при преглед на возилото пронајдени се 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација. Стоката била одземена, а лицето е лишено од слобода.

Во вториот настан, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при преглед на возилото биле пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација. Возилото и алатот биле одземени, а лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.