„Фолксваген“ принуден да го прекине производството две недели
Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ објави дека целосно ќе го прекине производството во Волфсбург на две недели поради недостиг на полупроводници.
„Фолксваген“ (VW) објави дека целосно ќе го запре производството на сите возила во матичниот град Волфсбург во периодот од 2 до 13 октомври, пренесува регионалниот јавен радиодифузер Норддојчер Рандфанк (ГДР). Околу 20.000 вработени ќе работат со скратено работно време. Исто така, производството ќе биде запрено 12 дена во фабриките во Емден, Хановер и Оснабрик, пренесува СЕЕбиз.
Портпаролот на „Фолксваген“ изјави дека ќе глобалниот недостиг од полупроводници, односно чипови достигна сосема нова и неочекувана димензија. Фолксваген првично планираше намалување на производството за три четвртини оваа недела.