Филм направен од вештачка интелигенција: Како би изгледал контактот на вонземјаните со Земјата (видео)


Во екот на секојдневната еволуција и чудата што ни ги презентира AI(вештачка интелигенција), група истражувачи неодамна го претставија првиот AI филм со помош на вештачка интелигенција, пренесе Денар.

Имено, станува збор за филмот „Last Stand“ кој е направен како дел од истражувањето на можностите и опциите кои ги нуди вештачката интелигенција, а се работи за научно-фантастичен десетминутен филм кој се занимава со темата на контакт со вонземски видови.

Во филмот, чиешто сценарио го напиша вештачката интелигенција, ги доживеа сите гласови, го разработи целиот концепт на филмот, се прикажува моментот кога планетата Земја се решава да биде контактирана од вонземјани.

Вонземјаните се појавуваат во четири необични летала, во форми кои често се гледаат во филмовите, но проблем се јавува кога глобалните лидери на Земјата не можат да се договорат кој ќе го оствари првиот контакт.

Русија, Кина и Индија склучуваат пакт и одлучуваат да лансираат сопствена мисија и да развијат вселенско летало кое ќе биде првото што ќе стапи во контакт со вонземјани, на големо неодобрување на САД и претседателот Џо Бајден.

Филмот кулминира кога две одвоени вселенски летала се соочуваат пред вонземјанско летало, едното направено во соработка меѓу Русија, Кина и Индија, а другото направено од САД и нивните сојузници.

Што се случува понатаму, погледнете во филмот. Потсетуваме, филмот е целосно дело на вештачката интелигенција.