Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество
Претседателот на СДСМ, Филипче, упати празнична порака до граѓаните, посакувајќи им мир и радост за денешниот празник.
Тој додаде дека во минатото се спроведоа политики кои граѓаните ги почувствуваа во својот секојдневен живот, овозможувајќи им подобар, побезбеден и побогат живот, како и можност младите да ја гледаат својата иднина тука.
„Ние во минатото имплементиравме политики коишто граѓаните вистински можеа да ги осетат да живеат подобро, побезбедно, побогато. Младите тука да ја гледаат иднината. Имплементиравме политики коишто доликуваа на развиени општества, општество во кој никој нема да се чувствува помалку вреден, без разлика дали станува збор за етничка, дали станува збор за национална, верска, некаква културна, родова, полова или сексуална ориентација. Посакувам да сите заедно градиме општество во коешто никој нема да биде дискриминиран.“, додаде Филипче.