Филипче: Во кругот на болниците во 16 општини формираме ковид – центри


Во тек е реализацијата на поставувањето на модуларни ковид центри низ државата. Забрзано работиме на терен. Завршува монтажата во Штип и Кичево, а од денеска почнуваме со монтажа и во Гостивар и Струга, објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Во 16 општини, во кругот на болниците, посочува министерот, формираме ковид – центри за третман и лекување на пациенти со Ковид-19.

Брза реализација е можна само со заедничка и меѓуинституционална соработка, јавното здравје е заедничка одговорност, напиша Филипче.