Филипче: Угостителските објекти ќе работат до 21 часот ако состојбата остане стабилна


Фото: Б. Грданоски

Доколку епидемиолошката состојба остане стабилна како што е во моментот угостителските објекти ќе го вратат работното време до 21 часот, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче во утринската програма на МТВ.

„Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21 часот, меѓутоа тоа ќе биде тоа засега. Сѐ уште ја следиме ситуацијата како ќе се развива и согласно анализите во иднина ќе одлучуваме дали ќе има дополнителни намалувања на рестрикциите“, истакна Филипче.