Филипче од Брисел повика на единствен граѓански фронт за правда
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Брисел, каде учествуваше на состанокот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) пред самитот на Европскиот совет, повика на создавање единствен граѓански фронт за правда по усвојувањето на резолуцијата на власта за мигрантите.
Во изјавата од Брисел, Филипче вели дека се обраќа од Брисел „затоа што борбата за слободата и демократијата во Македонија бараат акција и заедничко дејствување“. Тој рече дека од цела Европа ќе побарал поддршка.
„Донесената срамна Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување. Кога парламент носи неуставна резолуција, против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам. Во режим.
Власта сака да ја замолчи и да ја забрани работата на опозицијата, да создаде еднопартиска држава и да ја згасне слободата на говор. СДСМ тоа нема да го дозволи, ќе ја одбраниме слободата и демократијата.
Овде, во Брисел, ќе побарам поддршка од цела Европа, од сите прогресивни и демократски сили, од сестринските социјалистички и социјалдемократски партии.
Македонија мора да биде слободна, демократска и европска држава.
Време е за формирање единствен граѓански фронт – фронт за правда, слобода и демократијата.
Фронт во кој сите, без разлика на партиска, етничка или идеолошка припадност, ќе застанеме како еден во одбрана на демократијата, слободата на говорот и мислењето, и во одбрана на Македонија“, рече Филипче.