Филипче: Од 21 јануари кафеаните ќе работат до 21 часот


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека од 21 јануари угостителските објекти повторно ќе може да работат до 21 часот.

Тој посочи дека епидемиолошката слика во државава е стабилна и дека се намалува бројот на хоспитализации во болниците, слободни кревети има со што може да се дозволи враќање на работноте време на угостителите.

„Од 21 јануари сигурно е дека угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Ќе се разгледува барањето и можноста да работат и до 23 часот. Мерките кои беа воведени пред Нова година додоа резултат, имаме стабилна состојба и засега друго олабавување нема да има“, рече министерот Филипче по посетата на Институтот за судска медицина.

 

Кафулињата и рестораните од 18 декември работат до 18 часот како дел од мерките на Владата донесени пред новогодишните празници, со цел да се спречат групирања и новогодишни прослави.