Филипче: Каја е чесна и работлива, глас за неа е глас за чисто Скопје


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска беше на промоција на изборната програма на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, и порача таа да остане чесна и работлива затоа што зад неа стои визија за поинакво и поубаво Скопје.

„Остани чесна, работлива, отворена, искрена, како што си, среди ги улиците, исчисти ги депониите. Осветли ги и направи ги побезбедни за децата да можат спокојно да одат до училиште. Среди ги и паркинзите да има повеќе паркинзи, среди ги најпотребните раскрсници. Сите знаеме кои се тие. Среди го кејот, да не личи на некоја запуштена џунгла. Кеј на кој што сите ќе одиме и на кој ќе може да спортуваме. Едноставно врати му ја душата на Скопје“, и порача Филипче на кандидатката за градонаалничка Каја Шукова.

Притоа тој истакна дека нејзината програма не е само политички документ туку план за чист град и достоинствени граѓани правен на база на анализа од тим на есперти кои се залагаат за вистинска грижа за градот.