Филипче: Кај нас нема мутации на вирусот од В.Британија, но има други


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се обрати пред медиумите, и зборуваше за тоа дали кај нас го има новиот сој на корона вирусот, како оној во Велика Британија.

Филипче објасни дека таков сој нема, но дека има други мутации.

„Идентичен на тој во Велика Британија во нашата земја нема. Кај нас се детектирани 6-7 соја“, рече Филипче.

Тој додаде дека сличен на нашиот вирус во моментов е забележан во други две земји.