Филипче: Има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот


Фото: Б. Грданоски

Во пожарот кој избувна во Ковид центарот во Тетово има и жртви, но нивниот број засгеа не е знае.  

– Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов – напиша министерот за здравство Венко Филипче. кој веднаш се упати кон Тетово.

Според министерот, пожарот е веќе изгаснат, но сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани.