Филхармонија за првпат во рацете на албански коалиоционен партнер
Според информации во повеќе медиуми, веќе е направена конечната поделба на директорки и заменик директорски места во новата владина коалиција.Коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ ќе управува со МЕПСО, Пошта, Македонија пат, Управата за финансиско разузнавање, Управа за водење на Матичните книги, Државните резерви…но за првпат ќе добие директорско место и во Филхармонија, институција што до сега секогаш била раководена од кадри од најголемата партија во владејачката коалиција.
Ваквите најави предизвикаа револт кај дел од вработените во оваа значајна културна институција.
– Ве гласаа 99% од филхармоничарите на овие избори, ви дадовме максимална поддршка, а вие ја дадовте на ВЛЕН Македонската филхармонија, единствениот чист храм, национална институција со традиција 80 години, заштитен македонски музички храм и гордост , пишува вработен во Филхармонија во коментар на Фејсбук.