Филхармонија ја отвори новата сезона со незаборавна звучна авантура со Канон Валенсија


Ниту дождот, ниту сообраќајниот хаос во Скопје, синоќа, не ја спречи синоќа публиката во Филхармонија да ужива во новата концертна сезона со концертот „Класика РеСтарт“, под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски и со врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија како солист.
 
 
Филхармонија и овој пат ни приреди незаборавна звучна авантура со делата од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак. Гостите ја доживеаја  класичната музика „без филтер“ (како што е насловена новата сезона), како  уметност без шминка, без технолошки разубавувања, уметност во својот најавтентичен облик.
 
 
И министерот за култура и туризам, Зоран Љутков со сопругата на стартот на новата сезона на Филхармонија

„#Без филтер“: Филхармонија најави уште една возбудлива музичка сезона со врвни диригенти и солисти