Фетаи: Членовите на Уставниот суд од немнозинските заедници нема да учествуваат во одлучувањето за Законот за јазици
Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, денес на конференцијата на „Пријатели на Европа“ во Брисел најави дека судиите надвор од мнозинската заедници во Македонија нема да присуствуваат на седницата на која треба да се донесе одлука за Законот за употреба на јазиците, која според најавите треба да се одржи идната недела. Вакво сценарио се најавуваше одамна, но Фетаи го потврди од Брисел.
Фетаи пред публиката во Брисел објасни дека во Македонија дел од законите се носат по принципот на двојно Бадинтерово мнозинство, но според неговата оценка, Уставниот суд неколкупати се ставил во улога да одлучува за политички прашања и има моќ да го урне Законот за употреба на јазиците.
-Во тој поглед очекуваме тешкотии за Законот за употребата на јазиците кој беше оспоруван во осумдесетите во Македонија и ќе видиме што ќе излезе сега од тоа“, рече Фетаи. Па додаде дека неговата последна информација е дека судиите надвор од мнозинската заедница нема да присуствуваат на седницата.
Откако беше укинат балансерот, односно се замрзна неговата употреба додека не се донесе закон за правична застапеност, Законот за употреба на јазиците стана главна тема , а најавите досега беа дека можат да се применат различни тактики со цел Судот да не биде во целосен состав, а со тоа да не биде во можност да расправа за Законот. Сценаријата што беа во игра се дел од судиите поради работен ангажман да отсуствуваат надвор од државата или доволно е и само еден уставен судија да биде на боледување за да не се одржи седницата.