Федерален судија нареди администрацијата на Трамп да ја обнови работата на УСАИД
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/01/usaid.png)
Американски федерален судија нареди администрацијата на Доналд Трамп да ја укине тримесечната забрана УСАИД да финансира разни проекти, а како причини ги наведе огромните штети направени врз непрофитните организации и другите институции кои ја спроведуваат американската помош во странство.
Одлуката е одговор на тужба поднесена од две невладини организации – Коалиција за промиварење на вакцина против СИДА (AIDS Vaccine Advocacy Coalition) и Совет за глобално здравје (Global Health Council), кои се здравствени институции финансирани од американски средства за работа во странство.
Судската одлука е втора ваква пресуда против администрацијата на Трамп која прави напори за драстично кратење на државниот апарат на САД и се обидува да ја укине Американска агенција за меѓународен развој (УСАИД) која постои веќе шест децeнии, а за која Трамп и неговиот сојузник Илон Маск велат дека не е во согласност со агендата на Трамп.
Одлуката донесена синоќа од Амир Али, окружен судија од Вашингтон, е прва ваква против ненадејното и целосно запирање на финансирањето од УСАИД за програми во странство.
Изведувачи на разни проекти, земјоделци и снабдувачи во САД и во многу странски земји останаа без стотици милиони долари за веќе завршена работа а тоа доведе до масовни отпуштања во тие бизниси.