Фаучи: Ковид-19 може да предизвика долгорочни последици, посебно кај младите
САД – Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека долгорочните последици од Ковид-19 се навистина мачни, особено кај младите луѓе.
– Младите луѓе, кои инаку се здрави, а се инфицираат со коронавирус и немаат потреба од хоспитализација, имаат симптоми со недели, а понекогаш и месеци, рече Фаучи на брифингот на Американското здружение за микробиологија.
Тој посочи дека последователните прегледи покажуваат дека многу од нив имаат кардиоваскуларни нарушувања, како и докази за миокардитис и кардиомиопатија.