Фаучи: Да имаше олку дезинформации, никогаш немаше да ги искорениме големите сипаници
Советникот на Белата куќа за Ковид-19, Ентони Фаучи, ги критикуваше медиумите поради ширење лажни информации за вакцините, велејќи дека искоренувањето на големите сипаници и детската парализа би било невозможно со моменталните дезинформации.
Научникот зборуваше ден по критиките од американскиот претседател Џо Бајден упатени до Фејсбук и другите мрежи, во кои ги обвини за пренесување лажни податоци за вакцините и за убивање луѓе.
Бајден: Ширењето дезинформации за Ковид-19 ги „убива“ луѓето
Џо Бајден предупреди дека ширењето дезинформации на социјалните мрежи во врска со вирусот Ковид-19, ги „убива“ луѓето.
Белата куќа го зголемува притисокот на социјалните мрежи да се намалат дезинформациите за коронавирусот, а од Фејсбук соопштуваат дека преземаат секакви „агресивни мерки“ за да го заштитат јавното здравје.
„Ги убивате луѓето. Единствената пандемија која ја имаме е помеѓу невакцинираните“, изјави американскиот претседател на конференцијата за новинари во Белата куќа.
Американските здравствени експерти предупредуваат дека новоинфицираните од корона вирусот се токму невакцинираните луѓе, а за жал кај некои од нив резултирало со смрт со што бројката на смртни случаи исто така се зголеми.