Фатон Љури призна дека го прегазил дедо Југо на кеј, но тврди дека му давал помош

Фатон Љури кој со мотор го прегази скопјанецот Југослав Николовски во центарот на Скопје, денеска пред судот призна дека го сторил кривичното дело.
Сепак Љури тврди дека му давал помош на дедо Југо, односно не признава дека вечерта на 1 јули не му укажал помош на повредениот.
„Јас се чувствувам виновен за сообраќајката. Не би сакал да се случи тоа, никој не би сакал да се случи такво нешто. Големо сочувство до фамилијата. Јас му давав помош, двајца полицајци беа таму“, рече Љури.
Обвинителството тврди дека Љури го прегазил дедо Југо и избегал од местото на несреќата.
Трагичниот настан се случи на 1 јули доцна вечерта. При ударот, Николовски останал да лежи повреден на патеката. Николовски добил тешки телесни повреди поради кои следното утро починал.