Фатмир Битиќи позитивен на корона вирус

Вицепремиерoт за економски прашања Фатмир Битиќи е позитивен на корона вирус.
Тој, на социјалната мрежа Фејсбук сам информираше за својата состојба и апелираше задолжително да се носи заштитна маска.
Битиќи информира дека е во стабилна состојба и се надева дека ќе помине со лесно.
На денешниот отчет во Владата, Битиќи не беше присутен, а на почетокот од Владата информираа дека е отсутен поради здравствени причини.