Фатени двајца што насилно украле пари во Старо Коњарево
Ноќеска, во 1 часот по полноќ, во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода С.М.(47) од Струмица и К.Ј.(59) од село Босилово, струмичко.
Тие се сомничат дека околу 19 часот на средата, во село Старо Коњарево, струмичко, со употреба на сила одзеле пари од Љ.Ј. од село Старо Коњарево.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.