Фатени двајца крадци во полициски час


Фото: Б. Грданоски

Полицијата приведе еден маж и една жена, кои биле надвор во време на забрана за движење, со украдени предмети.

Во саботата, во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Филип Втори Македонски“, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода П.Н.(41) од село Кучевиште, скопско, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Истиот ден, во 9.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир, за време на на забраната за движење, ја лишиле од слобода Е.Е.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“. По документирање на случајот, против неа ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.