ФАО: Во декември цените на храната се намалија, најмногу поевтинил шеќерот


Цените на храната благо се намалија во декември 2024 година, со значително поевтин шеќер и стабилни цени на житарките, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на ФАО за кошничката основни прехранбени производи во декември во просек изнесуваше 127 поени и беше за 0,5 отсто понизок од ноември, пресмета ФАО. Сепак, во споредба со декември 2023 година, цените на храната се повисоки за 6,7 отсто.

Во целата 2024 година, кошницата со основните прехранбени производи била поевтина за 2,1 отсто, при што значително пониските цени на житариците и шеќерот преовладаа над поскапувањата на растителните масла, млекото и млечните производи и месото. Најмногу во декември се намалила цената на шеќерот, за 5,1 отсто во однос на ноември, благодарение на подобрените прогнози за земјоделските култури на водечките производители. Во однос на декември претходната година, цените се пониски за 10,6 отсто.