Надворешната политика на Бугарија веројатно нема да се смени по изборите, а особено ветото за преговорите на Северна Македонија со ЕУ, оценува „Франкфуртер Ајгемајне Цајтунг“ во анализата на изборите во Бугарија во недела.
Според весникот, позициите на Слави Трифонов, лидерот на Има таков народ, кој води во анкетите, се понационалистички од позициите на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на оваа тема: Македонците мора да ги признаат своите „историски бугарски корени“, а ако не го сторат тоа, Северна Македонија ќе продолжи да постои „но надвор од ЕУ“.
„Барем до претседателските избори подоцна оваа година, па дури и после тоа, не е сигурно дека ќе има каква било промена во Софија“, пишува ФАЦ.
Потоа се свртува кон „Има таков народ“ и го опишува како „тешко преценета политичка формација која привлече внимание главно преку некои ултрапопулистички потези“. Еден таков потег, според ФАЦ, е барање за драстично намалување на државното финансирање на партиите (што би ги направило уште поподложни на интересите на олигарсите), а друг е предлогот за избор на главен обвинител директно од народот, со што ќе се отвори правосудниот систем за конкуренција меѓу популистите, објаснува ФАЗ.