ФАЦ: Мали шанси за полноправно членство во ЕУ на земјите од Западниот Балкан
Реалните шанси земјите од Западниот Балкан да добијат полноправно членство во ЕУ се сведени на минимум, тврди германскиот весник ФАЦ. Старо-новата алтернатива која се нуди е членство во Европската економска зона
Никој веќе реално не верува дека проширувањето на ЕУ ќе продолжи со шесте држави од Западниот Балкан, или дури и со само некоја од нив, во следната декада, пишува денеска Франкфуртер алгемајне цајтунг во анализа во која на површина излегува старата алтернатива- членство во Европската економска зона.
„Веќе со актуелните 27 земји-членки, во однос на надворешно-политичките, буџетските и другите прашања кои бараат едногласност, ЕУ е честопати во потешкотии, а понекогаш и воопшто не е способна да делува. Во една Унија со 33 членки тоа ќе биде уште потешко. Можете да си замислите што ќе значи кога Србија како членка ќе има право на вето по прашањето за односите на ЕУ со Русија“, пишува ФАЦ.
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука