Еврозоната забележа трговски дефицит од 7,6 милијарди евра


Во февруари 2022 година, еврозоната забележа дефицит од 7,6 милијарди долари во трговската размена со остатокот од светот во споредба со суфицитот во истиот месец минатата година од 23,6 милијарди евра, според прелиминарната проценка на европската статистичка служба Евростат.
Според податоците објавени на веб-страницата на Евростат, извозот на стоки од еврозоната на пазарите надвор од 19-члениот монетарен блок во февруари изнесува 215,8 милијарди евра, што е за 17 отсто повеќе на годишно ниво.

Истовремено, увозот на стоки е вреден 223,4 милијарди евра, што е раст од 38,8 отсто во однос на февруари 2021 година, а пред се е поттикнат од натамошниот пораст на увозот на енергија.

Трговијата меѓу членките на еврозоната порасна на 202,5 ​​милијарди евра во разгледуваниот месец, или 25,6 отсто на годишно ниво.

Европската унија во февруари забележа и дефицит од 15,8 милијарди евра во трговската размена со остатокот од светот, додека во истиот месец една година претходно имаше суфицит од 21,4 милијарди евра.

Според првата проценка на Евростат, извозот на пазарите надвор од ЕУ изнесува 191,9 милијарди евра, што е за 16,4 отсто повеќе од февруари 2021 година, додека увозот од остатокот од светот се зголемил за 44,7 отсто на 207,7 милијарди евра.

Трговијата внатре во ЕУ се зголеми за 22,6 отсто на годишно ниво на 315,1 милијарди евра во извештајниот месец.