Европскиот шампион ПСЖ во проблеми со термините – девет натпревари во 27 дена
Европскиот шампион ПСЖ е еден од малкуте екипи од петте најсилни лиги, кои ги одложуваше натпреварите во домашното првенство за да имаат „одмор“ за дуелите од Лигата на шампионите. Меѓу двата дуела со Челзи од осминафиналето од ЛШ беше одложен дуелот со Нант, а потоа и дуелот со Ленс меѓу дуелите од четвртфиналето на ЛШ со Ливерпул.
Сега тимот на Луис Енрике поради одложувањата во рок од 27 дена ќе одигра девет натпревари.
Ќе играме на секои три дена и мораме да го надминеме тоа како тим. Ќе мора да менуваме многу играчи на натпреварите, а тоа ќе го правиме и на следните дуели, изјави Енрике.
ПСЖ на последниот дуел од првенството и поразот од Олимпик Лион настапи со „шарен состав“.
Серијата натпревари ПСЖ ја почнува утре (22. април) и со одложениот дуел со Нант, а последниот барем засега е против Париз на 17. мај. Во Лигата на шампионите ПСЖ за противник го има Баерн и овие дуели ги игра на 28. април и на 6. мај.