Европски организации за човекови права испратија четири нови жалби до Фејсбук
Компанијата „Мета“ во чија сопственост е Фејсбук се соочува со четири нови жалби од европските организации за човекови права, кои тврдат дека алгоритмот што го користи за таргетирање на корисниците во огласите за работа е дискриминаторски, иако компанијата пред години вети дека ќе го отстрани овој проблем.
Обвинувањата се засноваат на истражување на меѓународната непрофитна организација Global Witness, која наведува дека рекламната платформа на Facebook често ги таргетира своите корисници со огласи за вработување врз основа на родови стереотипи, пренесува Си-Ен-Ен.
Огласите за работа на механичар, на пример, најмногу им се прикажуваат на машките корисници на ФБ, додека рекламите за наставници се прикажуваат главно на жени, според податоците собрани од Global Witness на Фејсбук платформата Ad Manager.