Европски оператори: Американските компании да платат за градба на мобилните мрежи во ЕУ
Американските технолошки гиганти треба да сносат дел од трошоците за изградба на телекомуникациските мрежи во Европа затоа што многу ги користат, соопштија денеска извршните директори на група европски телекомуникациски компани.
Извршните директори на „Дојче телеком“, „Телеком Австрија“ и уште 11 други компании побараа поддршка од американскиот секотр во големите вложувања во 5G, оптичката и кабелската мрежа кои треба да овозможат брз сообраќај и услуги во облакот на компании како „Нетфликс“, „Јутуб“ и „Фејсбук“.
Вложувањата во европскиот телекомуникациски сектор минатата година пораснаа на 52,5 милијарди евра, највисоко ниво во шест години, потсетува Ројтерс.
„Голем и сѐ поголем дем од мрежниот сообраќај генерираат и монетизираат големите технолошки платформи, а тоа од телекомуникацискиот секотр бара континуирани, интензивни вложувања во мрежата и планирање“, велат извршните директори на 13 компании во заедничката изјава.
Освен чениците на „Deutsche Telekom“ и „Telekom Austriа“, изјавата ја потпишаа и шефовите на „Telefonic“, „Orange“, KPN, BT Group, „Vodafon“, „Vivacom“, „Proximus“, „Telenora“, „Altice Portugal“, „Telia Company“ и„Swisscom“.
„Тој модел на граѓаните на ЕУ им овозможува да уживаат во плодовите на дигиталната трансформација, но ќе биде одржлив само ако големите технолошки платформи преземат на свој грб праведен дел од трошоците на мрежата“, додаваат.
„Нетфликс“ и „Фејсбук“
Иако, тие експлицитно не наведуваат ни една технолошка компанија, од Ројтерс заклучуваат дека пораката е упатена на технолошките гиганти како „Нетфликс“ и „Фејсбук“.
Истовремено ги критикуваат и високите цени на радиските фреквенции за мобилни мрежи, тврдејќи дека владите на земјите од ЕУ ги користат како „крави молзници“, а од критики не се поштедени ни парламентарците од ЕП, поради настојувањето да го укинат надоместокот за повици внатре во ЕУ.
„Проценуваме дека на секторот во четири години ќе му се одземат 2 милијарди евра, што е еднакво на 2,5 отсто од годишните инвестициски капацитети за мобилна инфраструктура“, се пожалија шефовите на евтопските телекомуникациски компании.