Европски клуб на (богати) егоисти


Во оваа трагична година, ЕУ го покажа своето вистинско лице: таа е и останува клуб на егоисти пишува германскиот весник Тагесцајтунг во анализа на последните случувања во Брисел и судирот со Полска и Унгарија

Германското претседателство со ЕУ не ја извлече Европа од кризата, сè стана уште полошо: Брегзит, корона, спорови за пари, се наведува во текстот на германскиот весник Тагесцајтунг, насловен како „Клуб на егоисти“.

„2020 не беше лесна година за Европската Унија. За прв пат, ЕУ изгуби една голема земја-членка, за прв пат мораше да се бори против брутална пандемија – и за прв пат силно се задолжи за да ги надмине последиците од корона кризата“.

На почетокот на годината се чинеше дека ЕУ може да пропадне пред овие предизвици, се вели во текстот. „Секој правеше што сакаше, егоизмот и здравствениот егоизам зафатија сè околу себе, како вирус. Ниту Германија не беше имуна на тоа. Тоа што Берлин ги затвори своите граници и ја ускрати итната помош, многу Европејци не го заборавија до ден денес“. 

Линкот до целиот текст на Дојче веле тука