Европа ги исклучува ветерниците: Мрежата не може да ја прими произведената струја 


Европската комисија и земјите-членки признаваат дека капацитетот на обновливите извори ги надминува можностите на мрежите, на кои им е потребна итна модернизација и проширување за што ќе бидат потребни помеѓу 2 и 2,3 милијарди евра до 2050 година.

Европските земји каде што енергијата на ветерот игра клучна улога мораа да го ограничат рекордното производство на енергија од ветер оваа година поради преоптоварување на мрежите кои не можат да ја пренасочат вишокот зелена енергија.

Податоците од агенцијата LSEG покажуваат дека стапките на ограничувања на производството во Шпанија, Германија, Франција и јужна Шведска се зголемиле за девет месеци годинава споредено со истиот период во 2024 година, објавува порталот Oilprice.

Во Шпанија, стапката на ограничување скокнала од 9 на 12,2%, во Франција од 3,8 на 5,3%, во Германија од 4,5 на 4,9%, а во јужна Шведска од 2 на 2,4 %.

Турбините на ветер во Шкотска мораа да бидат исклучени дури 37% од вкупното време во првата половина од годината.

Европската комисија и земјите-членки признаваат дека капацитетот на обновливите извори ги надминува можностите на мрежите, на кои им е потребна итна модернизација и проширување. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави планови за справување со критичните застои за да се спречи зголемувањето на цените на електричната енергија и енергијата.

Проценките на Европската комисија покажуваат дека се потребни помеѓу 2 и 2,3 милијарди евра за модернизација на мрежите до 2050 година.