Евролига: Реал со два пораза по првите две кола


Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграа најголемиот број натпревари од второто коло. Пред комплетирањето на рундата, пет екипи се со максимални две победи, исто толку екипи имаат два пораза, помеѓу нив е и Реал Мадрид.

Постигнати резултати:

Дубаи – Барселона 94:87
Анадолу Ефес – Реал Мадрид 94:84
Жалгирис – Олимпијакос 91:93
Фенербахче – Баерн 100:76
Црвена ѕвезда – Хапоел Тел Авив 80:81
Милано – Виртус Болоња 87:85
Валенсија – Баскониј 111:88
Париз – Партизан 79:92.

Вечер играат:

Макаби – Бешикташ
Панатинаикос – Лион-Вилербан.

Со максимални четири бода во горниот дел на табелата се: Фенербахче, Партизан, Валенсија, Олимпијакос и Дубаи.