На само 45 години почина поранешниот фудбалски репрезентативец Агрон Мемеди


Трагична вест за македонскиот фудбал. Ненадејно, почина поранешниот македонски репрезентативец Агрон Мемеди на само 45 години, јави Sportskoradio.

Мемеди беше член на стручниот штаб на тетовска Шкендија. Тој бил дел од денешниот тренинг на тимот, кога ненадејно колабирал, а потоа за жал, починал на пат кон тетовската болница.

Мемеди долги години работеше во фудбалскиот колектив на Шкендија, а како фудбалер има настапувано за екипите на Ренова и Металург. Со Ренова беше и шампион на Македонија.

Во 2010 година Мемеди имаше и еден настап за репрезентацијата на Македонија.