Еврокомесараката Габриел зела неплатено отстуство за да прави влада во Бугарија

Во Софија работата изгледа нејасна околу шансите за успех на Марија Габриел за составување кабинет


 

Марија Габриел, која служи како комесар за иновации, истражување, култура, образование и млади во Европската комисија, зела неплатено отсуство од работата во Брисел за да се обиде да формира влада во Бугарија, откако шефот на нејзината партија ГЕРБ, Бојко Борисов, ја предложи за таа улога.

Портпаролот на Европската комисија рече дека таа засега останува европски комесар, а нејзините обврски и досиеја се преземени од високите комесари Маргрет Вестагер и Маргаритис Схинас.

Потенцијалното преселување на Габриел во Софија создава дупка во Брисел што ќе треба да се пополни. Во тој случај Бугарија ќе треба да избере нов кандидат за нејзин комесар во договор со претседателот на Европската комисија. Бугарскиот кандидат ќе биде силно испрашуван за време на јавна седница на релевантниот политички комитет на Европскиот парламент – кој потоа ќе разговара за нивната експертиза зад затворени врати, пред да го одобри или одбие.

Новиот комесар не мора да го задржи портфолиото на Габриел, а потегот може да предизвика разместувања во тимот на Фон дер Лајен.

Во Софија работата изгледа нејасна околу шансите за успех на Марија Габриел за составување кабинет.

Според Димитар Бечев, предавач на Оксфордската школа за глобални и регионални студии, антикорупциските партии немаат друга опција освен да ја прифатат номинацијата за да го спасат лицето пред Бугарите кои очајно сакаат да видат стабилна влада.

„Ако не, тие ќе бидат гледани како проблем, а не партијата на Борисов, ГЕРБ“, рече тој.

Но, по најавата на Борисов во парламентот на Софија, ПП-ДБ рече дека нема да поддржи номинирање на ниту еден претставник на ГЕРБ во новата влада.

„Марија Габриел не е единствената личност во ГЕРБ која ги извршува своите должности на правилен начин, но прашањето е принципиелно“, рече Даниел Лорер, поранешен министер за иновации од ПП, додавајќи дека постои „недостаток на доверба во цела партија (ГЕРБ), а не во поединци“.

Корнелија Нинова, водач на Бугарската социјалистичка партија, рече дека номинирањето на Габриел пред почетокот на коалициските преговори е „уште една грешка“ и дека нејзината партија ќе одлучи дали да се приклучи на коалицијата откако ќе се дефинираат владините приоритети.

А Мустафа Карадаи, претседател на партијата ДПС, потенцијална членка на коалицијата, рече дека потегот на Борисов е „вистинскиот пристап“.

Веднаш имаше реакција од Брисел, каде Габриел беше важна фигура во последната половина деценија.

Манфред Вебер, претседател на Европската народна партија, рече дека групата „топло“ ја поздравува номинацијата на Габриел за мандатар на Бугарија. „Таа има искуство и меѓународен авторитет да го надмине политичкиот ќор-сокак во Софија. Целосна поддршка за нашата сестринска партија ГЕРБ за ставање на интересите на земјата на прво место“, рече Вебер.

Марија Габриел денеска го дефинираше нејзиниот владин план како три „ААА“. Според неа, трите букви значат:

амбиција за формирање влада;

авторитет на Бугарија во Европа;

ангажман спрема луѓето.

Таа рече дека ќе се потпре на дијалогот со парламентарните групи и наведе десет приоритети на нејзината евентуална влада. Меѓу нив се: нормализирање на работата на институциите; стабилизирање на финансиите и донесување буџет за 2023 година; реформа на судството, при што нејзините први чекори се усвојување механизам за истрага на јавниот обвинител, реформа на антикорупциската комисија, нејзина поделба на два дела и истражни функции; надминување на инфлацијата, приклучување на Бугарија во еврозоната.

„Со оглед на околностите во последните недели, првото нешто што ќе го направи министерот за правда во мојата влада е да поднесе до Врховниот судски совет барање за ослободување на главниот обвинител Иван Гешев поради оштетување на угледот на судството“, рече Габриел.