Евгениј Пригожин се појави на самитот Русија – Африка во Санкт Петербург
Според францускиот весник „Монд“ нема очигледни докази дека Москва има вмешано прсти во државниот удар во Нигер, кој главно е поттикнат од внатрешни работи.
Сепак, каналот на Телеграм, очигледно поврзан со „Вагнер“, руската платеничка група предводена од Евгениј Пригожин, ја презеде заслугата за пучот во четвртокот.
„Евгениј Пригожин продолжува да ги зајакнува позициите и влијанието на Русија и ‘Вагнер’ во Африка. Доказ за тоа е државниот удар во Нигер“, се вели во објавата на каналот Оркестар Вагнер. Сепак, главните канали што вообичаено ги користи Пригожин останаа тивки.
Истиот канал објави и фотографија на Пригожин како се ракува со неидентификуван маж на маргините на самитот Русија – Африка чиј домаќин во Санкт Петербург беше претседателот Владимир Путин. Постовите изгледаа наменети како демонстрација на силата на Пригожин, кој го предводеше бунтот минатиот месец во кој неговите трупи маршираа до 200 километри од Москва пред да застанат.