Евакуација во Дојран: Пожарот зафати три куќи
Службите ги евакуираат жителите на Дојран откако пожарот кој од депонијата стигна до градот зафати три куќи.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека засега нема повредени.
-Во Дојран од огнот се зафатени три куќи. Се врши евакуација. Нема повредени, вели Ангелов.
Тој се упати од Пониква кон Дојран, а информира и дека околу Пониква има три тешки пожари.
Според Ангов, се работи за голем пожар кој гори веќе неколку часови и во неговото
гаснење покрај месното население учествуваат пожарникари од Дојран, Валандово,
Гевгелија и Струмица.
– Апелираме за помош од Дирекцијата за заштита за и спасување, бидејќи досега не
успеваме да се справиме со огнената стихија која под налетите на силниот ветрот се шири
многу бргу. Пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што гори
пронајдевме канти од моторно масло, изјави за МИА градоначалникот Анго Ангов.
Покрај овој пожар, на територијата на Општина Дојран избувна уште еден кај селото
Николиќ, кој се префрлил на грчката страна од Дојранското Езеро.