Ева Лонгорија доби титула Дама во креација на дизајнерот Тони Матичевски
Шпанија- Американската актерка и ѕвезда на „Очајни домаќинки“ Ева Лонгорија сега е Дама, титула со која ја одликува шпанското кралско семејство викендов во астурискиот град Овиедо. На церемонијата се појави во креација на австралискиот креатор со македонско потекло Тони Матичевски. Тоа е фустан во боја на слонова коска, структуриран како тесно здолништето со мал шлеп во долниот дел, а во горниот е со V-деколте, волумен и со наметка кај рамениците. Лонгорија, којашто и претходно носела креации на Матичевски, вели дека има шпански корени и затоа многу се радува на ова признание.
Тони Матичевски е еден од најуспешните модни креатори во Австралија. Роден е во Мелбурн во македонско семејство. Студирал моден дизајн на Кралскиот институт за технологија во Мелбурн и дипломирал со висок просек.
Како моден дизајнер работи од 1999 година, има специфичен стил резултат на класична силуета во комбинација со женственост, авангардна иновација и скулптурални форми. Креации на Матичевски носат Џенифер Лопез, Лили Колинс, Соланж Ноулс, Оливија Палермо, Ким Кардашијан, Хаајди Клум и други познати личности.