Никол Кидман ќе добие почесен Цезар за животно дело


Австралиско-американската актерка Никол Кидман ќе добие почесен Цезар на 52-та церемонија на доделување на наградите „Цезар“, што ќе се одржи на 25 февруари 2027 година, во театарот „Олимпија“ во Париз, објави денес Академијата за филмски уметности и науки, позната како Академија „Цезар“.

Кидман глумеше во голем број значајни филмови во текот на својата кариера, вклучувајќи ги „Мулен Руж“, „Очи широко затворени“, „Другите“ и „Догвил“.Таа го освои Оскарот за најдобра актерка во 2003 година за нејзиното портретирање на писателката Вирџинија Вулф во „Часовите“.
Покрај нејзината актерска кариера, Кидман е вклучена и во продукција и е ко-основач на продуцентската компанија „Блосом Филмс“, која стои зад телевизиските серии „Големи мали лаги“, „Развршување“ и „Девет совршени странци“.

Кидман беше прогласена за придружничка на Редот на Австралија во 2006 година, а во 2017 година ѝ беше доделена наградата по повод 70-годишнината од Канскиот филмски фестивал.