„Еутелсат“: Не можеме да го замениме „Старлинк“ на Маск во Украина


Украина нема одржлива алтернатива за сателитската мрежа „Старлинк“ која е во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, соопшти денеска извршната директорка на компанијата „Еутелсат“, Ева Бернеке.

„Еутелсат“, француски сателитски оператор кој обезбедува ограничени услуги за Украина преку дистрибутер финансиран од германската Влада, и покрај сегашните напори за зголемување на капацитетот, сè уште не може да се мери со „Старлинк“ и да ги преземе неговите услуги.

„Ако би требало да го преземеме целосниот капацитет за поврзување на Украина и на сите граѓани, тоа нема да можеме да го направиме. Да бидеме во целост искрени“, рече Бернеке за бриселски Политико.