ЕУ повтори: Прво уставни измени, па преговори по поглавја


 

Ставот на Европската комисија е многу јасен, со нетрпение очекуваме да почнат преговорите со Албанија и Северна Македонија по кластерот „Основни вредности“, откако Северна Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми што се договорени со Советот, изјави портпаролката на ЕК за проширување, Ана Писонеро, по одлуката на Комитетот на постојаните претставници во Европската унија , Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја.

Таа додаде дека тие „релевантни критериуми“ ги вклучуваат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот.

„Европскиот совет ја повика Северна Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени“, изјави Писонеро, додавајќи дека одлуките за следните чекори во пристапниот процес се во надлежност на земјите членки на ЕУ, а не на Европската комисија.